Во јануари годинава широкопојасен пристап на интернет (преку фиксна или мобилна конекција) имале 87,3% од фирмите со десет или повеќе вработени. Пристап на интернет преку мобилна конекција (широкопојасна или друг вид мобилна конекција) имале 32,6% од фирмитe. Приближно една четвртина (25,5%) од деловните субјекти на своите вработени, за деловна употреба, им обезбедиле преносливи уреди со кои се овозможува мобилна конекција на интернет, а 36% далечински пристап до системот на е-пошта, документите или апликациите на претпријатието. Во јануари годинава, 33,3% од вработените во деловните субјекти со 10 или повеќе вработени при вршењето на работните задачи користеле компјутер најмалку еднаш неделно, 27,6% од вработените, најмалку еднаш неделно користеле компјутер со пристап на интернет. Преносливи уреди (пр., ноутбук, лаптоп, смартфон, ПДА фон) кои овозможуваат мобилен пристап на интернет за деловна употреба користеле 5,3% од вработените.
Во јануари годинава широкопојасен пристап на интернет (преку фиксна или мобилна конекција) имале 87,3% од фирмите со десет или повеќе вработени. Пристап на интернет преку мобилна конекција (широкопојасна или друг вид мобилна конекција) имале 32,6% од фирмите, објави денеска Државниот завод за статистика.
Приближно една четвртина (25,5%) од деловните субјекти на своите вработени, за деловна употреба, им обезбедиле преносливи уреди со кои се овозможува мобилна конекција на интернет, а 36% далечински пристап до системот на е-пошта, документите или апликациите на претпријатието.
Во јануари годинава, 33,3% од вработените во деловните субјекти со 10 или повеќе вработени при вршењето на работните задачи користеле компјутер најмалку еднаш неделно, 27,6% од вработените, најмалку еднаш неделно користеле компјутер со пристап на интернет.
Преносливи уреди (пр., ноутбук, лаптоп, смартфон, ПДА фон) кои овозможуваат мобилен пристап на интернет за деловна употреба користеле 5,3% од вработените.
Во јануари годинава, 17,3% од фирмите со повеќе од десет вработени имале вработено лица со специјалистички вештини за ИКТ/ИТ. Најголем процент на вработување на специјалисти за ИКТ/ИТ се забележува кај големите претпријатија со 250 или повеќе вработени (62%).
Во 2011 година, 84% од деловните субјекти со пристап на интернет, употребиле интернет за поврзување со органите на јавната власт, било за добивање информации, добивање формулари, за електронско враќање пополнети формулари преку веб-страниците на јавната власт, или за административни процедури целосно електронски реализирани. Во 2011 година, околу 28% од деловните субјекти со пристап на интернет понудиле стоки или услуги во електронски системи за јавни набавки во земјава.
Во текот на 2011 година, 8,9% од фирмите со 10 или повеќе вработени купувале или продавале стоки или услуги преку компјутерски мрежи (преку веб или ЕДИ). Веб продажба реализирале 5,3%, а веб-купувања вршеле 4,8% од деловните субјекти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.